13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Торнадо во Тексас – Повредени над 20 лица

Десетици луѓе се повредени кога неколку торнада го погодија центарот на Тексас, соопштија официјални лица на таа американска сојузна држава.

Невремето беше најинтензивно во Салад, околу 80 километри северно од Остин, а окружниот судија во Бел, Дејвид Блекбурн, изјави дека 23 лица се повредени, од кои едно потешко, додека вкупно дванаесет лица се пренесени во болници.

Тој додаде дека разорното торнадо во вторникот урна и преврте големи дрвја, а зградите беа претворени во урнатини, додека далноводите и столбовите беа расфрлани насекаде.

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа дека за време на тоа невреме паднал град со големина на грејпфрут, а во вторникот биле забележани торнада во Ајова и Небраска, каде силните ветрови собориле гранки од дрвјата и предизвикале штета на покривите, пренесува „Ројтерс“.

Центарот за предвидување бури денеска прогнозираше нови торнада во делови од американскиот среден запад и долината Мисисипи, а најлошо време би можело да биде во областите како Литл Рок, Арканзас и Тенеси, додека в четврток во поголемиот дел од западна и централна Северна Дакота, каде што има е силна снежна бура, очекува и до 60 сантиметри снег.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица се повредени во близина на болница во Мемфис, Тенеси

M T

Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се најмалку 34 лица

M T

Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир

M T

47 полициски службеници се повредени во протестот на подрачјето на СВР Скопје

M T

Најмалку шестмина загинати а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

M T

Силен земјотрес ја потресе Херцеговина, се почувствува и во Хрватска

M T