17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во близина на француската амбасада во Танзанија, има жртви

Вооружен напаѓач со автоматска пушка е убиен откако убил тројца полицајци и работник на приватна компанија за обезбедување во Дар ес Салам, недалеку од француската амбасада во Танзанија, изјави денеска претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан.

Таа во пораката објавена на социјалната мрежа Твитер објави дека напаѓачот е „неутрализиран“ и дека мирот се вратил.

Полицијата соопшти дека во овој вооружен инцидент се повредени шест лица.

Полициски претставник изјави дека идентификацијата на напаѓачот е во тек.

Според него, мотивот за нападот не е познат, но може да е поврзан со улогата на Танзанија во соседен Мозамбик, каде што испратиле војска да помогне во борбата против џихадистите.

Можеби ќе ве интересира

Пукање на забава во Милано, едно лице загина друго е рането

M T

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

M T

Пукање во супермаркет во Орегон, најмалку три лица загинаа меѓу кои и напаѓачот

M T

Пукање во забавен парк во Чикаго, повредени три лица

M T

Две лица загинаа во пукање во црква во Алабама

M T

Пукање во Калифорнија, три лица загинаа

M T