12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Калифорнија, три лица загинаа

Двајца полицајци и еден осомничен се убиени во престрелка во градот Ел Монте, соопштија властите во американската сојузна држава Калифорнија.

Според соопштението, полицајците биле застрелани во Ел Монте, Јужна Калифорнија, на должност, додека одговарале на дојавата за можна убодна рана во вторникот вечерта.

Двајца полицајци се префрлени во Медицинскиот центар, каде од здобиените повреди починале, соопштија надлежните.

Осомничениот за пукањето, неидентификуван маж, исто така е убиен за време на размена на оган, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Имињата на убиените не се објавени, а полицијата на округот Лос Анџелес го истражува инцидентот.

Вооруженото насилство во САД е под лупа по минатомесечниот пукање во основното училиште Јувалде во Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца наставници, како и пукањето во супермаркет во Бафало, Њујорк, во кое загинаа 10 лица, што предизвика нови иницијативи во американскиот Конгрес за донесе построги федерални закони за контрола на оружјето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пукање на забава во Милано, едно лице загина друго е рането

M T

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

M T

Пукање во супермаркет во Орегон, најмалку три лица загинаа меѓу кои и напаѓачот

M T

Пукање во забавен парк во Чикаго, повредени три лица

M T

Грабеж во Калифорнија, украден накит во вредност од 10 до 100 милиони долари

M T

Две лица загинаа во пукање во црква во Алабама

M T