9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТКУЛТУРАSHOWBIZ

Објавен e првиот тизер-постер од филмот за принцезата Дијана

2022 година ќе одбележи 25 години од трагичната и прерана смрт на Дијана, принцезата од Велс. Се чини дека тоа е соодветен тајминг за нова слика за нејзината животна приказна во новиот филм, „Спенсер“.

Планирано е да стигне во кината во ноември, а за првпат премиерно ќе биде прикажан на Венецискиот филмски фестивал оваа недела.

Првично, сторијата за животот на „принцезата на народот“ со Кристен Стјуарт во главната улога своето деби требаше да го има во 2022 година, но сега ќе се најде меѓу кандидатите во сезоната на награди.

Како што растат очекувањата, STX Films штотуку го објави првиот тизер постер за претстојниот филм. Сосема драматичен поглед, ја прикажува Кристен Стјуарт во ликот на омилената принцеза, облечена во гламурозен вечерен фустан.

Меѓутоа, нејзиното лице не се гледа, додека седи на подот, навидум совладана од емоции. Постерот има застрашувачка црна позадина.

Спонзорирано: