14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Таравари: Загрижува бројот на новозаразени со коронавирус во Гостивар

Зголемувањето на бројот на новозаразени лица во Гостиварско е загрижувачко и потребно е да се спроведат активности за континуирано почитување на мерките за заштита од коронавирус. Ова е оценката на кризниот штаб за подрачјето на Гостивар, која по неколкумесечна пауза, повторно се состана.

Претседателот на Кризниот штаб, Арбен Таравари, на состанокот истакнал дека ситуацијата е сериозна, но под контрола.

Тој најавил, како што стои во соопштението, дека Гостивар е подготвен на здравствените институции, за вакцинација на населението, да им отстапи свои простории, меѓу кои и спортската сала.
„На денешниот состанок дојдовме до следниве четири заклучоци: 1. Ситуацијата е сериозна, но под контрола; 2. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до препораките на институциите; 3.Апелираме до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата е најдобрата заштита од оваа болест; 4. Општина Гостивар ги отстапува своите капацитети за отворање на нови пунктови за вакцинација на територијата на Гостивар“, изјави градоначалникот на Гостивар, истовремено и претседател на Кризниот штаб во Гостивар, Арбен Таравари.

Во врска со ставањето во карантин на Гостивар, Таравари истакна дека ова не е во надлежност на локалната власт и додека локалните здравствени институции тврдат дека ситуацијата е под контрола, нема потреба од такво нешто.

„Внимателно го слушав директорот на болницата и претставникот на Здравствениот дом и среќен сум што ситуацијата е под контрола, има капацитет и независно како се гледа однадвор, вакцинација во Гостивар, внатре во Здравствениот дом се одвива без пречки. Ние како општина немаме надлежности за карантинска мерка и додека тоа не го побараат соодветните институции, нема да направиме такво нешто“, додаде Таравари.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нов црн рекорд во Словенија – 8.681 новозаразени лица

M T

50.126 новозаразени од Ковид-19 во Грција

M T

Речиси 30.000 новозаразени во Чешка за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

M T

Бугарија и Грција меѓу земјите со најмногу новозаразени во Европската Унија

M T

Во Словенија 3.666 новозаразени, ангажирана е војската

M T

Рекордни бројки на новозаразени и починати во источна Европа

M T