17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првиот германски авион од Кабул евакуирал само седум лица

Германската мисија за евакуација на вработените во амбасадата и локалниот персонал од Кабул доби на интензитет во вторникот по лошиот почеток, додека берлинските политичари бараат дополнителна поддршка за оние што останаа, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Сцени на хаос се случија во Кабул откако талибанците ја презедоа власта, бидејќи многу земји се обидоа да ги вратат дипломатите и оние кои ги поддржуваа нивните активности во Авганистан.

Првиот германски авион извлекол само седум лица од Авганистан откако ги исфрлил германските падобранци на аеродромот во Кабул, а малиот број евакуирани лица предизвика гневни реакции на интернет.

Неколку часа подоцна, друг авион за евакуација пренел 129 луѓе од 15 земји до Ташкент, во соседен Узбекистан, од каде што тие биле пренесени во Германија со авион на „Луфтханза“.

Во вторникот доцна навечер, трет германски авион со 139 лица слета во Ташкент, потврди германската војска на „Твитер“.

За денеска се планирани четири дополнителни летови за евакуација за да се компензира за летот што не беше извршен ден претходно.

Според Министерството за одбрана во Берлин, досега се евакуирани повеќе од 260 лица од Авганистан.

Во Германија се појавија критики дека првиот авион однел само седум лица од Кабул, но владата објасни дека немало друга опција.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи за тоа ја обвини хаотичната ситуација на аеродромот и размената на оган што се случувала во близина.

„Авионот мораше да го напушти аеродромот многу кратко по слетувањето“, посочи портпаролот.

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто повеќето авиони се претежно бели

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

M T

Се урна авион во САД, едно лице загина, девет се водат за исчезнати

M T

Еве што е првото нешто што го забележуваат стјуардесите кај вас кога ќе се качите во авион

M T