20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТИЗБОР

Бројот на загинати во земјотресот на Хаити порасна на 1.297

Бројот на загинати во земјотресот на Хаити се искачи на 1.297, а повеќе од 5.700 луѓе се повредени, објави службата за цивилна заштита за нов земјотрес.

Во земјотресот беа предизвикани одрони, што ја отежна операцијата за спасување, а премиерот на Хаити, Ариел Анри, прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

Ситуацијата може да се влоши со доаѓањето на тропската бура Грејс, која се очекува вечерва да го погоди Хаити.

Центарот за урагани соопшти дека Грејс ја загуби својата сила од вчера, кога имаше ниво на бура, но дека може да донесе пороен дожд, поплави и свлечишта.

Стотици домови, училишта, хотели и други згради беа уништени во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Хаити.

Земјотресот, чиј епицентар беше на 12 километри североисточно од Сент Луис ди Сид, речиси израмни некои градови и предизвика лизгање на земјиштето што ги прекина напорите за спасување во најсиромашната американска држава.

Во акциите за спасување на итните служби и населението, многумина беа извлечени од урнатините, но по многумина се уште се трага.

Можеби ќе ве интересира

СПАСЕТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ И ИМОТОТ – Вака куќата нема да се урне ниту во ЕПИЦЕНТАРОТ на ЗЕМЈОТРЕСОТ

M T

Силен земјотрес го погоди Чиле

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Силен земјотрес меѓу Закинтос и Кефалонија

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се зголеми на 74 – Илјадници евакуирани, се трага по преживеани

M T