3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Жена обвинета за вознемирување на мајка гризли во Јелоустоун

Жена од Илиноис е обвинета за вознемирување на диви животни откако била снимена како се приближува до гризли во Националниот парк Јелоустоун.

Во широко споделуваното видео се гледа како Саманта Деринг им приоѓа на мечката и две младенчиња за да ги фотографира. Таа си оди дури откако мајката мечка почнува да ѝ се приближува.

Саманта сега се соочува со неколку обвиненија, како и со „кршење на правилата за огранично растојание“. На посетителите на паркот им е забрането да се приближуваат на мечки на помалку од 300 метри.

Деринг била меѓу група туристи кога ја здогледале женката гризли и нејзините младенчиња во планинскиот дел на паркот. Сведоци подоцна им рекле на истражителите дека таа ги игнорирала предупредувањата да се врати во возилата на групата се додека мечката не тргнала кон неа.

Националниот парк Јелоустоун пред неколку месеци објави снимка од „блиската средба“ и побара информации од јавноста. Откако доби дојава за идентитетот на Деринг, полицијата пронајде фотографии од мечката на нејзините профили на социјалните медиуми.

Таа се соочува со федерално обвинение согласно сојузниот закон со кој се забранува хранење, допирање, задевање, заплашување или намерно вознемирување на диви животни.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

M T

Маж со секира убил жена во Берлин

M T

Приведена жена што крадела во Скопје, парите пронајдени

M T

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

M T