8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Црна Гора воведува построги мерки, бројот на заразени од коронавирус расте

Здравствените власти на Црна Гора ќе предложат поостри мерки откога вчера беа регистрирани 65 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден во последните два месеца. Во средината на април Црна Гора почна со укинување на епидемиолошките мерки, кои беа целосно либерализирани на почетокот на летната туристичка сезона.

Поради падот на бројот на пациенти, Црна Гора речиси целосно ги укина сите епидемиолошки мерки, освен што за концерти, ноќни клубови и други масовни собири треба да се поседува потврда за вакцинација или негативен ПЦР-тест.

Бидејќи повеќето од новозаразените случаи се во туристички дестинации, здравствените власти им се заканија на сопствениците на кафулињата и рестораните дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго казнето со глоба и затворање на установите на три дена.

Доколку некоја институција ги прекрши епидемиолошките мерки неколкупати, таа ќе биде затворена од 15 до 30 дена, соопшти Министерството за здравство.

Според владините податоци, повеќе од 100.000 туристи во моментот престојуваат во земјата.

Сепак, Министерството за здравство смета дека епидемиолошката состојба во моментот е стабилна со просечно 30 нови случаи на Ковид-19, што е помеѓу 1,5 и 2,3 процента од испитаните дневно.

Црна Гора не потврди присуство на делта-сојот на својата територија, но епидемиолозите предупредуваат дека наглото зголемување на бројот на пациенти може да укаже на појава на нова поопасна варијанта.

Повеќе од 35 проценти од возрасната популација примиле две дози вакцина, повеќе од 100.000 или 15 проценти од популацијата се заразиле од коронавирусот, а 1.683 луѓе починале.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Започна натпреварот во лежење. Победникот „носи дома“ многу пари

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Земјотрес од 4,1 степен ја погоди Црна Гора

M T

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

M T

Прва објава на Дритан Абазовиќ откако стана премиер на Црна Гора

M T

Пендаровски во официјална посета на Црна Гора

M T