17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСИЗБОР

СЗО: Делта-сојот регистриран во 124 држави

Бројот на земји и територии во кои циркулира позаразниот делта-сој на коронавирусот е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите тврдат дека делта-варијантата бргу ќе се прошири и ќе ги засени другите соеви, а потоа ќе стане доминантен мутиран вид коронавирус во следните години.

СЗО нагласи дека точниот механизам за зголемување на инфективноста на Ковид-19 и натаму останува нејасен.

Покрај тоа, СЗО е загрижена за ширењето на сите четири нови видови.

Алфа-сојот, откриен во Велика Британија во септември 2020 година, е регистриран во 180 земји до 20 јули.

Бета-сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, а бразилскиот гама-сој е регистриран во 78 земји.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Експертите на СЗО одлучуваат дали да воведат вонредна состојба поради мајмунските сипаници

M T

СЗО: Треба да го смениме името на МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ

M T