14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
КОРОНАВИРУССВЕТ

Џонсон со апел до граѓаните пред укинувањето на мерките: Ве молам, внимавајте

Британскиот премиер Борис Џонсон ја повика британската јавност да биде претпазлива и рече дека луѓето ќе мора да се самоизолираат кога тоа ќе им биде укажано, откако утре Англија ќе ги укине ограничувањата воведени со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

„Ве молам, ве молам, ве молам, бидете внимателни“, рече Џонсон во видео објавено денеска, снимено откако британскиот премиер се повлече во изолација.

Џонсон им порача на граѓаните да бидат претпазливи и да ги почитуваат другите со оглед на ризиците што сè уште ги носи оваа болест и ги повика луѓето да примат втора доза од вакцината кога ќе бидат повикани.

Британскиот премиер и министерот за финансии Риши Сунак ќе работат исклучиво од нивните канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден, поради контактите со министерот за здравство, Саџид Џавид, кој вчера објави дека се заразил со Ковид-19 и по две примени вакцини.

Претходно, научен советник на британската влада изјави дека скоро е неизбежно бројката на нови случаи од Ковид-19 да достигне до сто илјади дневно, по укинувањето на мерките.

И покрај ваквите предупредувања, властите најавија укинување на скоро сите мерки, вклучително и носење маски и физичко растојание, нагласувајќи ја индивидуалната одговорност на поединците.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Џонсон во прошталниот говор како премиер се опиша себе како бустер ракета: „Тоа е тоа, народе“

M T

Зеленски по оставката на Борис Џонсон: Тој беше вистински пријател на Украина

M T

Борис Џонсон поднесе оставка

M T

Британски медиуми: Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка

M T

Џонсон: Ако Путин беше жена немаше да ја нападне Украина

M T

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

M T