5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
СВЕТ

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија повторно да се вклучи во Европа по брегзит, соопшти денеска кабинетот на францускиот претседател по средбата меѓу Џонсон и Емануел Макрон.

Во соопштението се вели дека Макрон го забележал големиот ентузијазам на британскиот премиер кога зборувал за европска политичка заедница која ќе и овозможи на Британија повторно да се вклучи во Европа.

Во таа прилика Џонсон го предупредил Макрон за опасноста од преговарачко решение во Украина сега бидејќи постои ризик од продолжување на глобалната нестабилност.

Според истиот извор, двајцата лидери се согласиле дека ова е клучен момент во развојот на конфликтот и дека е можно да се смени текот на војната.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Џонсон во прошталниот говор како премиер се опиша себе како бустер ракета: „Тоа е тоа, народе“

M T