7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Киев не им дозволува на проруските сили да учествуваат во политиката

Силите што сакаат нормални односи со Русија немаат шанса да учествуваат во легитимни политички активности во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Медиумите низ целата земја се затвораат, луѓето се ставени во домашен притвор, како што беше случајот со украинскиот пратеник и лидер на партијата Виктор Медведчук. Затоа, силите што сакаат нормални односи со Русија немаат шанса да учествуваат во политичкиот живот“, рече Путин.

Тој истакна дека милиони луѓе во Украина сакаат повторно да имаат нормални односи со Русија.

„Во Украина има многу луѓе, кои сакаат да ги обноват односите со Русија. Сигурен сум дека ги има толку многу“, додаде Путин.

ТАСС додава дека Путин сака да сугерира дека одредени политички групи во Украина исто така сакаат да се нормализираат односите меѓу двете земји.

Рускиот претседател вчера порача дека Русите и Украинците се еден народ.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T