17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата влегува во домовите на оние кои го критикуваат Лукашенко, реагираат организациите за човекови права

Белоруската полиција изврши претрес во домовите на активисти за човекови права и адвокати по најновите напади на критичарите врз претседателот Александар Лукашенко, соопштија две организации за човекови права.

Властите побараа затворање на критичните и недржавни медиуми и организации за човекови права по масовните протести минатиот август, по претседателските избори, според кои опозицијата тврдеше дека биле наместени. Полицијата изврши претрес во домовите на активистите за заштита на правата „Виасна-96“, изјавија од таму, додавајќи дека не успеале да стапат во контакт со нејзиниот водач Алеш Бјаjатски.

Независната медиумска и добротворна група „Имена“, која не се смета себеси за опозиција, исто така рече дека полицијата извршила претрес во нејзините канцеларии.

„Виасна-96“ е најголемата организација за човекови права во поранешната советска земја и главен извор на информации за политички апсења и притвори. 555 лица се држат како политички затвореници во Белорусија, пренесуваат тамошните агенции.

Можеби ќе ве интересира

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

M T

Лукашенко: „Русија го надмудри НАТО“

M T

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата

M T

Полицијата во Мексико цел ден собирала мртви тела, наоѓајќи само глави или нозе на жени

M T

Лукашенко: Белорусија купи ракетни системи С-400 и ракети Искандер од Русија

M T

Нов извештај на Велика Британија: Лукашенко распоредува специјални сили

M T