14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лукашенко: Белорусија купи ракетни системи С-400 и ракети Искандер од Русија

Белорусија купи од Русија противвоздушни системи С-400 и ракети Искандер, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој ова го изјави на 85-тиот ден од почетокот на руската воена операција во Украина, која беше започната на 24 февруари. Белорусија, главниот сојузник на Русија и земја што се граничи со Украина, стана база за заднина за руската офанзива.

– Се договоривме со Путин – рече Лукашенко, пренесе неговата прес-служба преку Телеграм.

Тој рече дека го набавил „потребното количество“ на тоа оружје, без други детали.

– Со ова оружје тоа е веќе сосема друга армија – рече Лукашенко и додаде дека ова оружје може да „предизвика колосална штета“.

На почетокот на мај, 67-годишниот Лукашенко, кој владее со Белорусија со цврста рака од 1994 година, го обвини Западот дека е „опседнат“ со нацистичките идеи и дека е „во војна со Русија“ во Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лукашенко: „Русија го надмудри НАТО“

M T

Нов извештај на Велика Британија: Лукашенко распоредува специјални сили

M T

Лукашенко: Единството на Русија и Белорусија ќе биде модел за другите земји

M T

Лукашенко пристигна во Русија на средба со Путин

M T

Лукашенко за предлогот на Полска: Тоа може да предизвика Трета светска војна

M T

Лукашенко потпиша – Во Белорусија пристигнува нуклеарно оружје

M T