5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 70 загинати и 1.234 уапсени во нередите во Јужна Африка

Бројот на жртви во немирите во Јужноафриканската Република се искачи на 72, додека беа уапсени 1.234 лица, соопшти полицијата.

Полицијата и армијата се обидуваат да ги запрат немирите во сиромашните области на двете провинции, кои избувнаа минатата недела по апсењето на поранешниот претседател Џејкоб Зума.

Многу смртни случаи во провинциите Гаутенг и Квазулу-Натал се резултат на хаотично стампедо кое настана кога многу луѓе краделе храна, електрични апарати, пијалаци и облека од продавниците.

Насилството избувна откако Зума минатиот четврток почна да издржува казна затвор од 15 месеци за непочитување на судот.

Имено, тој одби да ја почитува судската наредба да сведочи во истрагата за корупцијата што се случи за време на неговиот претседателски мандат од 2009 до 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

M T

Најмалку шестмина загинати а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

M T

Воз во САД излета од шините, три лица се загинати а најмалку 50 се повредени

M T

Се урна руски воен транспортен авион има најмалку четворица загинати

M T