11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осло ќе забрани електрични скутери ноќе поради големата опасност од несреќи

Жителите на Осло повеќе нема да можат да изнајмуваат електричен скутер ноќе од 23 до 5 часот наутро поради големиот процент на несреќи поврзани со ова превозно средство.

Според одлуката на градскиот совет, мерката ќе стапи на сила на почетокот на септември, пренесуваат норвешките медиуми.

Лекарите од универзитетската болница во Осло соопштија дека забраната ќе спречи стотици повреди во текот на летото.

Неколку компании за изнајмување веќе одлучија да ги паркираат електрични скутери за време на викендот или да воведат ограничување на брзината ноќе.

Од сите поголеми градови во Европа, Осло има најголем број електрични скутери по глава на жител, пренесуваат агенциите.

Според последните анализи бројот на скутери се зголемил за скоро една четвртина во последните три месеци на 25.700.