Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Меркел ги објави новите мерки: Се затвораат продавниците, училиштата и градинките

Германската канцеларка Ангела Меркал најави нови мерки, кои ќе бидат на сила до 10 јануари.

Според мерките, најмногу пет луѓе ќе можат да се соберат од две домаќинства. Исклучок ќе биде помеѓу 24 и 26 декември, a нема да има исклучоци за новогодишната ноќ.

Од 16 декември ќе бидат затворени продавниците за малопродажба (освен оние основните), огнометот ќе биде забранет до новогодишната ноќ, а ќе се затворат и фризерските салони, училиштата и градинките.

Верските служби се можни само под строги ограничувања, а консумирањето алкохол ќе биде забрането во јавност. Владата бара од луѓето да се воздржат од патувања и да ги намалат контактите што не се апсолутно неопходни, а најавена е и економска помош.

Спонзорирано: