17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре слаб дожд и снег, во вторник сонце – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Утре и во понеделник ќе преовладува облачно време, утре во западните делови со услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег.

Од утре попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта и во понеделник ќе се прошири насекаде, па во понеделник ќе биде доста студено и ветровито.

Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.

Прогноза за 14.12.2020
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Претежно облачно со повремени кратки сончеви периоди и студено. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 15.12.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 16.12.2020
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со магла по котлините.

Спонзорирано: