5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган до Макрон: Прво провери го твоето ментално здравје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган жестоко го критикуваше односот на францускиот претседател Емануел Макрон кон муслиманите.

„Сè што може да му се каже на шефот на државата кој на тој начин третира милиони припадници на различни верски заедници е – прво испитајте го вашето ментално здравје“, рече Ердоган.

Предлог-законот за борба против „сепаратизмот“ во Франција, чија цел е радикалниот ислам, треба да биде доставен до парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларноста и да се консолидираат републичките принципи.

Но, наменетата зголемена контрола над финансирањето на џамиите и забраната за студирање на имами во странство може да доведе до тензии во односите со Турција.

Тоа е последното на долгиот список на несогласувања меѓу Макрон и Ердоган, кои често ја преземаат заштитата на муслиманското малцинство во светот.

Меѓу прашањата во кои Анкара и Париз имаат дијаметрално спротивни ставови се прашањето за гасот во Медитеранот, Либија и конфликтот во Нагорно Карабах.

Можеби ќе ве интересира

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Ердоган: Житариците од Украина одат во богатите, а не во сиромашните земји

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T

Ердоган: Европските санкции кон Русија се виновни за енергетската криза во ЕУ

M T

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Макрон критикуван во Франција поради средбата со саудискиот принц

M T