17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Мајка во Италија напуштила бебе кое имало коронавирус

Мајка која ја однела својата ќерка во болница откако бебето се заразило со Ковид-19 го напуштила детето, соопштија италијанските лекари.

Кога минатата недела жената и бебето пристигнале во болница во Палермо биле тестирани за коронавирус и биле позитивни. Но, додека бебето се лекувало во градската болница „Ди Кристина“, мајката побегнала и го напуштила детето.

Полицијата почнала потрага по неа, бидејќи таа не реагирала на повиците од медицинскиот персонал.

„Медицинскиот персонал се обидуваше да ја контактира мајката со денови, но не можевме да ја добиеме. Потоа повикавме полиција и рековме дека можеби имаме случај на напуштено дете”, изјави докторката Марилу Фурнари, а пренесува „Сан”.

Според весникот „Ла Република“, жената прво се преправала дека е тетка на четиримесечното бебе, пред да исчезне на 12 октомври. Весникот пишува дека два дена подоцна во болницата се појавило уште едно женско лице, со истото тврдење дека е тетка на детето. Сепак, вработените започнале да се сомневаат и контактирале со полицијата, по што другата жена побегнала.

За среќа, детето оттогаш закрепнало од Ковид-19, болест од која досега починаа 36.000 луѓе во Италија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Бебето не се буди само кога е гладно: Три заблуди за неговото СПИЕЊЕ кои го отежнуваат родителството

M T

Тримесечно бебе почина во Вашингтон откако родителите го оставиле во автомобил

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T