3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мечка убила работник во зоолошка градина пред очите на посетителите

Мечка уби работник во зоолошка градина во Шангај пред посетители кои го гледале нападот од автобус, пренесува Би-би-си.

Несреќата се случила во саботата во дел од зоолошката наречен „област со диви ѕверови“. Видео од инцидентот, на кое се гледа како група посетители викаат додека го гледаат нападот, се прошири на кинеската социјална мрежа „Веибо“.

Зоолошката градина во Шангај на својата веб-страница соопшти дека „им е исклучително жал што се случила ваква трагедија“, додавајќи дека „им се извинуваат на посетителите за предизвиканата непријатност“.

Зоолошката градина објави дека ќе ги засили безбедносните мерки во „областа со диви ѕверови“.

Тоа е област во зоолошката градина каде што животните шетаат слободно наоколу, а посетителите можат да влезат само со автобус.

Инцидентот предизвика бура од коментари на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека мечката се однесувала како што се однесуваат дивите животни и дека единственото решение е затворање на зоолошките градини.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Лавица во белгиската зоолошка градина позитивна на корона: Има треска и кашлица, другите животни во изолација

M T

Жена обвинета за вознемирување на мајка гризли во Јелоустоун

M T

Зоолошката градина во Скопје добива 7Д кино

M T

САД: Мечка извлече жена од шатор среде ноќ и ја уби

M T