3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

САД: Мечка извлече жена од шатор среде ноќ и ја уби

Гризли во САД извлекло камперка од шаторот додека таа спиела, и ја раскинало на парчиња, пренесуваат тамошните медиуми.

Медицинската сестра Лиа Локан од Калифорнија го загуби животот во близина на градот Ованд во Монтана, кога од големо гризли била извлечена од шаторот каде што спиела и потоа ја убило.

Иако другите кампери се обиделе да го избркаат животното со спреј-солзавец, мечката не се откажала од нападот се додека буквално не ја распарчила несреќната Локан, пишуваат агенциите.

Властите претпоставуваат дека истата мечка претходно нападнала во кокошарник на земјоделец и изела неколку кокошки, а потоа шетала низ фармата.

Иако камперите го избркале за прв пат, гризлито се вратило во текот на ноќта и го нападнало шаторот на жртвата.

Раководството на блискиот национален парк објави дека има намера да ја фати и убие мечката одговорна за нападот, а според отпечатоците од шепите, претпоставуваат дека истата тежи 180 килограми.

Во изминатите 20 години имало само три фатални напади врз луѓе од страна на гризли, иако Монтана е дом на голема популација гризли.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

M T

Маж со секира убил жена во Берлин

M T

Приведена жена што крадела во Скопје, парите пронајдени

M T

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

M T