8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Завршува судењето на членовите на „Златна зора“ во Грција, им се судеше пет години

Најголемото судење на радикално десните екстремисти во Грција, групирани во партијата Златна зора и околу неа, денеска треба да заврши со изрекување на пресудата, по повеќе од пет години.

68 лица, меѓу кои и лидерот на партијата, Николаос Микалолиакос, и поранешни функционери, како и полициски службеници, се обвинети за злосторничко здружување зад фасадата на политичката организација.

Обвиненијата вклучуваат обид за убиство, илегално поседување оружје и бруталност кон противниците. Тие ги отфрлија обвиненијата и тврдат дека се работи за политичко заплашување.

Златна зора го доживеа политичкиот врв во 2012 година во времето на економската криза на Грција. Тогаш доби 12 отсто од гласовите и беша најсилна партија во парламентот.

Промовирајќи радикално десни и расистички идеи на политичката сцена, Златна зора ги спроведуваше со помош на криминалци кои тероризирале мигранти, ЛГБТ-заедницата и леви активисти.

Со убиството на левичарскиот активист, хип-хоп музичарот Павлос Фисос, во 2013 година, конечно се укажало на врските кои партијата ги има со криминални структури. Судењето почна во април 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Атина, Грција

M T

Грција забрани капење на 12 плажи

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

M T

Наскоро прво судење на руски војник за силување во Украина

M T

Еве колку чини литар бензин во Грција, а и Македонија веќе не е најевтина

M T