15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Наскоро прво судење на руски војник за силување во Украина

Украина денеска се очекува да одржи подготвително рочиште на првото судење на руски војник обвинет за силување на Украинка за време на војната. Ова е прв од десетината вакви случаи.

Обвинетиот 32-годишен Михаил Романов не е во притвор во Украина и ќе му се суди во отсуство. Русинот е обвинет за убиство на цивили на 9 март во регионот на главниот град Киев и за повеќекратно силување на сопругата на убиен маж, според судските документи.

Москва ги отфрли обвиненијата за воени злосторства.

Романов е обвинет за силување на 33-годишна жена, откако тој и друг руски војник го застрелале нејзиниот сопруг Олексиј во селото Боданивка, североисточно од Киев. Двајцата војници потоа заминале, а подоцна се вратиле уште два пати за да ја силуваат жената, според судските записи. Идентитетот на другиот војник не е утврден.

Обвинителот кој работи на случаи на сексуално насилство изјави дека се истражуваат до 50 такви злосторства извршени за време на војната во Украина, но дека бројот на случаи на сексуално насилство извршени од руски војници веројатно ќе биде значително поголем.

Официјални лица, активисти и лекари рекоа дека многу силувани Украинки не сакале да контактираат со полицијата и обвинителството поради страв од руска стигма и одмазда.

Украина истражува илјадници потенцијални воени злосторства извршени за време на руската инвазија на 24 февруари. Главниот обвинител Ирина Венедиктова изјави дека многу од осомничените се во Русија, но дека некои од нив биле заробени во Украина како воени заробеници.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Убиецот на Џорџ Флојд се жали на неправедно судење

M T

Командантот на ОВК, Салих Мустафа, негира вина – Обвинителството го нарече Гестапо

M T

Судењето за „Меѓународен сојуз“ се откажува, еден од обвинетите е во изолација

M T

Во Ватикан почнува судењето за финансиски малверзации

M T

Судењето против Камчев за „Плацеви на Водно“ почнува на 16 јули

M T

Завршува судењето на членовите на „Златна зора“ во Грција, им се судеше пет години

CENTAR MKD