16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски со моќна порака по повод “Денот против насилството врз жените и девојчињата”

– Денес е Меѓународниот ден против насилство врз жените и девојчињата кој го означува почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“.

Статистиката говори дека секоја трета жена е жртва на насилство. Само мал дел од жртвите се охрабруваат да го пријават.

И жените во политиката се соочуваат со разни облици на насилство. Имено, 55% од жените биле жртви на насилство додека извршувале партиски функции, а 46% од политичарките биле изложени на насилни закани.

Секој облик на насилство врз жените е напад на човековите права и закана за демокатијата.
Заедно со жените, зајакнати, охрабрени и поттикнати да се соочат со предизвиците, градиме едно општество на еднакви можности за сите.

Да ја прекинеме тишината! Да ставиме крај на родово-базираното насилство!, напиша Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ по повод денот против насилството врз жените.