25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МАКЕДОНИЈА

Власта ќе “истури” големи пари во Општините – СДСМ ги санира штетите направени од режимското владеење на претходната власт

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на корупција, провизии, договорени тендери и криминални интереси и затоа измислува наводни скандали и конструира лаги за мерката што има за цел да им помогне на општините да се справат со наследените долгови, соопшти СДСМ.

Според партијата, најголемиот дел од долговите на општините се резултат токму од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните наместо на реални проекти, безмилосно се трошеа за споменици, луксузи, скапи возила, непродуктивни трошоци и криминални тендери.

,,Предвидената мерка, не само што ќе им помогне на општините да ги намалат долговите, туку истовремено ќе создаде механизам преку кои во иднина ќе се спречи радикално задолжување и нереално планирање на буџетите на општините.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против општините да се раздолжат и да се заштитат од идни презадолжувања?Времето на тајно, расипничко и недомаќинско трошење на праите на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, општините и централната власт предводена од СДСМ работат отчетно, одговорно и во интерес на граѓаните, се санираат штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се стабилизираат долговите, а буџетите на општините се креираат согласно потребите на граѓаните”, се додава во соопштението.