16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Без струја утре делови на Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Студеничани.

Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците: Кресна и Илија Димовски – Гоце (Oпштина Аеродром), од 8:30 до 15:30 часот корисниците дел од улиците: Кирил Пејчиновиќ, Никола Мартиновски и Атанас Бабата. (Општина Чаир), од 9 до 11 часот корисниците од дел од ул. Пандил Шишков (Општина Kисела Вода).

Од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од ул. 4, 6 и 7 во с. Батинци. (Општина Студеничани), а од 11 до 15 часот корисниците од објектите во околината на Зелениот Пазар -Чаир на ул. Ќемал Сејфула (Општина Чаир).