Три лица се повредени, од кои едно потешко, кога нивните автомобили се излизгале на автопат во Калифорнија.
Автомобилите се излизгале откако на асфалтот се расфрлале домати од камион кој удрил во заштитна ограда.
Камионот се судрил со друго возило пред да удри во заштитна ограда, при што поголемо количество домати се излило на автопатот.
Од расфрланите домати се формирал куп длабок околу два метри, на кои налетале четири автомобили и се судриле.
Претставник на полицијата рече дека доматите во комбинација со масло и нечистотија создале опасни услови на патот.
Тој изјави дека кожата на доматите на асфалтот е слична на мразот.
Спонзорирано: