18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кулеба: ЕУ да го забрани доаѓањето на руски туристи, тие ја поддржуваат геноцидната војна

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја повика Европската Унија им забрани влез во земјите-членки на руските туристи, опишувајќи ја мерката како соодветна бидејќи повеќето Руси ја поддржуваат „геноцидната агресивна војна“ на нивната земја против Киев.

„Помина времето за полумерки“, изјави Кулеба пред вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Прага.

„Само строга и конзистентна политика може да даде резултати. Мнозинството руски граѓани ја поддржуваат руската геноцидна војна“, рече Клуеба.

Се очекува министрите да се согласат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Москва, што значи дека Русите ќе мора да чекаат подолго и да плаќаат повеќе за визите, додека блокот најверојатно ќе остане поделен околу целосната забрана за патување во ЕУ.

„Забраната на визите за руските туристи и некои други категории ќе биде соодветен одговор на руската геноцидна агресивна војна во срцето на Европа, која ја поддржува огромното мнозинство руски граѓани“, рече Кулеба во изјавата.

Тој исто така предложи да се започне специјална програма за руските војници кои повеќе не сакаат да се борат во Украина. „Пораката е: спасете се и заминете. Оставете го оружјето, предадете се на украинските сили и добијте шанса да започнете нов живот“, рече Кулеба.

„Убеден сум дека вреди да се даде таа понуда, бидејќи дури и еден руски војник да го остави оружјето и реши да замине, тоа значи спасени животи на Украина и поблизок мир“, рече Кулеба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот ги повика руските војници да бегаат за да ги спасат своите животи откако неговите сили започнаа офанзива за повторно заземање на јужна Украина. Москва тврди дека го одбила нападот и им нанела големи загуби на силите на Киев.

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили ги потиснале руските сили на некои места на јужното бојно поле, искористувајќи ја релативно слабата руска одбрана.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

Фон дер Лајен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, Украина и Молдавија

M T