17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКХОРОСКОП

Доаѓа полна месечина: Овие три знаци треба да се подготват за хаос

Овој месец на небото ќе се појави Полната Месечина на 10 септември, а тоа не мотивира да се подготвиме и да правиме планови за промена на сезоната. Иако полната месечина е период за преземање акција, овојпат поради интензивната ретроградност, подобро би било да се почека со планови и конкретни потези.

Во секој случај, полната месечина ќе донесе малку драма како и секогаш, особено за следните три хороскопски знаци:

БЛИЗНАЦИ

Ова е многу важен период за вашата кариера и имиџот во јавноста, па можно е да почувствувате притисок каков впечаток оставате на околината. Ова ќе биде период полн со акции за вас и можеби ќе се чувствувате принудени да направите големи, клучни потези, но ова не е време за такви одлуки. Подобро смирете се и прологирајте што е можно подолго за да донесете клучни одлуки.

ДЕВИЦА

Полната месечина во Риби особено ќе влијае на вашите врски. Може повторно да се поврзете со некои поранешни љубови, додворувачи или пријатели, особено за време на ретроградниот Меркур. Ова е можност да тестирате колку сте тешки кога станува збор за развивање здрави врски. Ова ве поттикнува да заборавите на гневот или старите расправии кои ве спречија да се помирите и ви сигнализираат да продолжите напред. Веројатно ќе бидете збунети околу тоа кој е добар за вас, а кој не, но полната месечина ќе ви помогне да го сфатите тоа, па дури и ако е болно да откриете дека некој не е онаков каков што сте замислиле.

РИБИ

Оваа полна месечина ќе ја одбележи вашата посветеност на различни меѓучовечки односи. Ќе доживеете целосно емотивно ослободување, а ќе бидете почувствителни од вообичаено, а бидејќи сте еден од најранливите знаци во Зодијакот, подгответе се за период наполнет со емоции. Преземете одговорност за тоа како се чувствувате и погрижете се да не ги повторувате негативните обрасци од минатите врски – тоа е рецепт за „катастрофа“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

За овие 3 хороскопски знаци оваа недела ќе биде најсреќна во ноември

M T

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Среќата ги следи: ОВИЕ четири знаци до крајот на годината ќе најдат СРОДНА ДУША

M T

Знаци дека детето има висок коефициент на интелигенција: Внимавајте на МАЛИТЕ ДЕТАЛИ

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Овие хороскопски знаци се заљубуваат во физичкиот изглед, а не во срцето

M T