7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Промената на режимот во Русија не е цел ниту на НАТО ниту на американскиот претседател

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека промената на режимот во Русија не е цел на НАТО и покрај руската инвазија на Украина.

– Промената на режимот во Русија не е цел на НАТО, ниту на американскиот претседател Џо Бајден. Имав можност опширно да разговарам со него во Белата куќа и разговаравме и за овие прашања – изјави Шолц.

– Демократијата, слободата и правото секаде имаат иднина, а јас сметам на длабоката желба што ја имаме како луѓе да живееме во демократија. Сепак, на народот и народите им останува да се борат за таа слобода. Она што треба да го гарантираме е дека нема повреда на интегритетот и суверенитетот на државите – додаде Шолц.

Да потсетиме, Бајден во саботата во Варшава рече дека Владимир Путин не треба да остане на власт, а Белата куќа веднаш реагираше, уверувајќи дека американскиот претседател не повикал на промена на режимот во Русија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Шолц: Разговорите со Путин секогаш се со пријателски тон

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T