Во Грција беа потврдени 436 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а седум лица починаа, објави Националната здравствена организација.
Од вкупниот број новозаразени, 31 е идентификуван на влезовите во земјата.
Во Грција има 86 пациенти на апарати за дишење, пренесува АНА.
Од почетокот на епидемијата во таа земја, потврдени се вкупно 23.495 случаи на коронавирус, а 469 лица починале.
Спонзорирано: