14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Маричиќ: Национализмот е силна страна на слабите политички опции

„Ова е многу важно прашање и мислам дека тука имаат улога и државните институции, и образовните, и граѓанските организации. Исто како што имаме секојдневни кампањи, за чување на здравјето и проверување на здравјето, машко, женско… Исто како што имаме секојдневни кампањи за извесни принципи, вредности, како што се спречување и казнување на насилство врз жените, или врз децата,“рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричич во интервју за Цивил Медиа на темата за националистичките наративи кои се во пораст периодов.
Тој посочи дека е подеднакво важно, на секој граѓанин да му биде обрнато вниманието кон тоа како да се одбрани од дезинформациите и од говорот на омраза, и како самиот да не учествува во тоа. Бидејќи граѓаните секој ден се мета на напади од дезинформации, голем дел и наседнуваат на тие дезинформации.

„Тоа е подеднакво опасно, како било која од другите појави што ги споменав. Како родовата нееднаквост, како насилството, подеднакво се опасни овие работи. Да не се враќаме историски, во последниве десет години, какви одлуки донесоа демократски држави општество. Сакате Брегзит, сакате други примери преку океанот може да ги дискутираме. Особено за Брегзит, денес се гледа дека некои од одлуките што ги носеле тогаш граѓаните, биле врз основа на неточни информации, полуинформации, дезинформации. А тие одлуки носат последици, и за граѓаните, и за сите,“ посочи Маричиќ.

Тој ја потенцираше важноста кон ова прашање да се настапи со подеднакво внимание и значење, како и кон сите други прашања.
„И тука е улогата на граѓанското општество. Мислам дека тука треба и похрабро, и поотворено да се кажуваат некои работи, и да се означуваат лажните вести, дезинформациите и говорот на омраза, ако сакаме да го заштитиме здравото ткиво на нашето демократско општество. Нашата земја, Северна Македонија, е скроена да биде успешен мултиетнички модел, општество. Затоа, така ќе дојдам до национализмот… Затоа е битно тој модел да го браниме на соодветен начин, со вистински информации, со вистински активности и со политички концепти коишто го штитат тој модел. Национализмот е многу атрактивна идеја, која што обично се користи во предизборието.Национализмот е силна страна на слабите политички опции!“заклучи Маричиќ.

Тој посочи дека слабите политички опции, кои немаат што да понудат во денешно време, како на пример Левица и ВМРО-ДПМНЕ, мораат да прибегнат кон овие инструменти.