17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Во македонската политика нема десен центар, туку радикална десница како ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се симбол за политичко насилство и неизвесност за државата

„Ние немаме шанса да опстанеме како општество и држава доколку национализмот победи и доминира.Секогаш кога национализмот доминирал кај нас, ние сме биле под прашање – како функционално општество и функционална држава. Затоа, не смееме да дозволиме, не заради било која политичка опција, “рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричич во интервју за Цивил Медиа.

Тој посочи дека има легитимни десничарски опции кои не подразбираат национализам. Како и дека низ Европа многу сериозни и легитимни демократски десничарски партии кои имаат своја идеологија, која ја промовираат и ја унапредуваат во општествата без национализам. Притоа се осврна на Полска која имаше една таква битка, меѓу крајната и централната десница. При што битката ја добила централната десница, како и други сосема легитимни политички опции како што се ЦДУ во Германија.

„Самата припадност, да се биде десно од центарот, не значи да се биде националист, но кај нас ситуацијата е таква што, практично, немаме десен центар. Ние имаме радикална десница, како ВМРО-ДПМНЕ и Левица, која што е обзнаена овие денови со концепт што се базира на страв од политичко насилство, бесперспективност. А ако мислиме дека решението на одбивање на некои амандмани на некој пратеник или пратеничка група е демолирање на собраниската сала, и ако тоа треба да ми биде демократскиот концепт што ќе им понуди иднина на младите и на оваа држава, јас мислам дека треба сериозно да се замислиме и да го осудиме, и да се бориме против тоа,“рече Мариќич.

Тој се осврна и на други потешки кризи во оваа држава, па не сме се приклониле кон насилство, бидејќи насилството не може да биде легитимно политичко средство.