17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Национализмот, заедно со дезинформативната пропаганда и со говорот на омраза, се најтешките болести на демократијата

„Деновиве, имавме ситуација каде што еден пратеник прикажува слика од некој друг настан, и кажува како да е тој настан кај нас. Тоа е класична измама на јавноста. Со такви работи ќе се соочуваме многу. Целта на тие напади е да се замени безидејноста на тие политички опции, да се надополни со национализам. Со емоции, со чувства,“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричич во интервју за Цивил Медиа.
Тој изрази уверување дека секоја заедница што живее во Северна Македонија, подеднакво си ја сака државата. Дека секој граѓанин што живее во Северна Македонија, подеднакво си ја сака државата. И дека сме должни, и како држава, и како влада, и како граѓани, да го браниме тој концепт.

„Затоа што, по мое мислење, тоа ќе биде и главната изборна дилема. Дали ќе се брани овој концепт, или ќе се приклониме на празните концепти на национализмот, кои не нудат ништо друго, освен несреќа, кавга, конфликт, а долгорочно, служат само како изговор за неносење на тешките одлуки. Тешките одлуки мора да ги носиме заедно, за тие да имаат ефект. Инаку, убеден сум дека национализмот, заедно со дезинформативната пропаганда и со говорот на омраза, се најтешките болести на демократијата,“порача Маричиќ.