16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Костовски до ВМРО-ДПМНЕ: Не се плашете за рејтинг, преземете одговорност

Според пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски секој опонент би сакал Христијан Мицкоски да е на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мицкоски ќе реди порази од Димитар Ковачевски, ова запомнете го, кажа Костовски во гостувањето во Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека со гордост, совест и чест ќе направи се за Македонија да ги отвори поглавјата од преговорите.

-Дали ќе можат децата за 15 години од сега да ги погледнат во очи и да им кажат „можевме да ги отвориме поглавјата но не го направивме тоа“? Се чувствува исконска волја и желба на СДСМ за ова. Изминатиов период многу се потрошивме, а можевме да сме себични и егоистични како режимот претходно и да водиме популистички политики кои долго време ќе не остават на власт. Но, ние сакаме да оставиме нешто позади нас. Луѓето ќе можат да кажат – ете тој пратенички состав не внесе во НАТО, тие луѓе ги отпочнаа преговорите за членство во ЕУ. Ние сме дијаметрално спротивни во преземањето одговорност. Не се плашете за рејтинг и што ќе кажат луѓето од месните комитети, порача Костовски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.