22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Патот на парите: Kрвавите бизниси на „готвачот на Путин“ чинеле милионски суми месечно, рускиот претседател повеќе не можел да плаќа?!

Можеби не во сите, но во некои „приказни“ клучната работа е „патот на парите“. Така е и во случајот со Вагнер групата на Евгениј Пригожин, човекот познат како „готвачот на Путин“, во буквална смисла на зборот, но и со пошироко мени на услуги, за кои се наплатени милионски суми во долари, околу 350 милиони и тоа на месечно ниво.

Како започнало сè?!

Вредноста на бизнисите на Пригожин, особено на групата Вагнер, е многу поголема од таа што јавноста ја знае, или мисли дека ја знае. Личното богатство на овој чуден и суров човек со садистички тенденции е сосема непознато. Тој започнал како продавач на виршли во путиновиот Снакт Петербург и поминал 9 години во затвор за измама. Неовата кариера тргнала во нагорна линија откако почнал да организира угостителски услуги за Кремљ и го доби прекарот „готвачот на Путин“. Во неговото мени на услуги за рускиот претседател биле и вршењето на валканите или непријатните работи и многу веројатно, прикривање на нелегалното богатство. Во тој дел, прикривањето, Пригожин станал еден од најважните олигаршки пиони на Путин, пишува хрватскиот „Јutarnji“.

Во раните денови на власт, Путин дури го почестил и францускиот претседател Жак Ширак во еден од објектите на Пригожин со хот-дог. Тој му помогнал на Пригожин да добие огромен заем од државната банка за да започне бизнис во 2010 година, покрај веќе обезбедениот угостителски бизнис за руската армија. Матните работи на ова „дуо“ брзо растела. Опозицискиот лидер Навални веќе во 2017 година предупреди дека компаниите на Пригожин ги прекршуваат прописите за заштита на пазарната конкуренција со понудите на тендерот на Министерството за одбрана во износ од 387 милиони долари.

Од хот-дог до златен рудник

Сепак таа сума од 387 милиони е само дел од сето тоа што го добил Пригожин. Сериозни економисти во Русија и на Запад проценуваат дека Пригожин е милијардер, но никој не се осмелува да ја каже вистинската големина на богатството направено со чудните договори со државата и, уште помистериозно, со воените операции на африканската почва. Истрагата на францускиот весник „Либерасион“ од 2018 година тврди дека 25 отсто од приходите од полињата со гас и нафта, што Вагнер ги запленил во Исламската држава, отишле за Пригожин. Исто така, постојат шпекулации дека групата Вагнер обезбедувала и рудник за злато во Судан, кој наводно бил индиректно контролиран од Пригожин.

Пригожин со години тајно ја водел приватната армија платеници кои ги вршеле валканите работи за Путин на меѓународно ниво и речиси сè било плаќано со кеш. Финансирањето на приватна армија платеници било многу скапо, а фактот дека тие работеле првенствено со готовина јавно го признал и Пригожин: „Вагнер постои 10 години и користи само готовина. Кога работевме во Африка, Украина и другите земји, кога Америка беше кошмар, сите сакаа само готовина. Потоа дојдоа рациите“

Крвав бизнис
Коментарите на Пригожин за рациите следеле откако руските власти пронашле 4 милијарди рубљи, или 50 милиони долари, при претресот на еден од штабовите на неговата приватна армија. Пригожин веројатно не лажел кога изјавил дека платите на „Вагнеровците“ се плаќаат исклучиво во кеш. Ако го помножиме бројот на работници на Вагнер (околу 50.000) со просечните договори за извршување на крвавите бизниси од 240.000 рубли, ќе дојдеме до сума од 150 милиони долари потребни само за финансирање на персоналот на месечно ниво. Проценките на експертите, како Антон Герашченко, велат дека на армијата на Вагнер ѝ се потребни околу 250-350 милиони долари во готовина секој месец. Единствениот начин на кој може да се собере толку голема количина на готовина во Русија е да се извлечат пари од руските извозни бизниси со нафта, гас, рудници, метали, злато и други природни ресурси на Русија, а таквата финансиска логистика може да се обезбеди само со влијание врз државните компании и други милијардери и пред сè на Владимир Путин. Постои дури и теорија дека бунтот на Пригожин дошол затоа што директорите на државните компании и олигарсите почнале да се сомневаат во намената на повеќе од 2 милијарди долари трошоците за Вагнер во 15-те месеци од војната во Украина.

Крај на кариерата

Како и да е, сега заврши долгата ера на матно финансирање на Вагнер групацијата под спонзорство на претседателот на Русија. Вагнерците повеќе нема да добиваат 250-350 милиони готовина за своето работење, нема да ги имаат на располагање руските воени возила, гориво, куршуми, гранати, ракети, мини, комуникациска опрема, храна… како што ги имаа досега. За потсетување, во една од објавите на социјалните мрежи, Пригожин го покани Зеленски на воздушен дуел, сликајќи се во пилотската кабина на рускиот борбен авион Су-24.

По сето ова може да се заклучи дека без Пригожин, Путин ја губи моќта да ги влече конците од зад сцената. Тие двајца Путин и Пригожин со децении управувале огромни суми на готовина извлекувани од легални и нелегални деловни операции, па сега се поставува прашањето дали рускиот диктатор без финансиската поддршка и неговиот „готвач“, ќе ја изгуби и силата на неговиот тоталитарен режим.

извор Бриф