6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

САД испраќаат нови ракети во Украина

Се очекува дека САД ќе вклучат ракети со поголем дострел во новиот пакет воена помош за Украина, потврдија неколку американски претставници за Си-Ен-Ен.

Пакетот воена помош треба да вклучува и наведувани ракети од типот GSDB (Ground-launched Small Diameter Bomb), кој има дострел од околу 145 километри.

Тој тип на проектил, кој може да биде истрелан од повеќецевни ракетен фрлач од типот HIMARS што Украина го доби од Запад претходно, практично би го удвоил дострелот на украинската артилерија.

Меѓутоа, во пакетот нема да се најдат ракетите од типот ATACMS, кои имаат дострел поголем од 320 километри, а по кои Украина трага подолго време. Америка, да потсетиме, постојано ги отфрла барањата на Украина за оружје со долг дострел во страв дека тоа би можело да биде искористено за гаѓање цели длабоко на руска територија.

Тоа е првиот пакет воена помош откако американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец потврди дека ќе испрати 31 напреден американски тенк од типот Абрамс во Украина. Таа одлука е донесена во координација со европските земји, кои пак ќе ја снабдуваат Украина со тенкови Леопард 2.

Се очекува денеска да биде објавен нов пакет за воена помош на САД.

Оружје и опрема во вредност од 500 милиони долари ќе бидат испорачани директно од американските залихи, а дел од пакетот од 1,7 милијарди долари ќе биде купен од добавувачи на воена опрема.

Украина во моментов истрелува ракети GMLRS од повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS. Новите ракети ГСДБ имаат значително поголем дострел бидејќи по истрелувањето користат крила и летаат кон целта со помош на ракетен мотор.

Но, новиот тип на ракети нема веднаш да пристигнат во Украина, бидејќи не доаѓаат директно од инвентарот на американската армија, туку Вашингтон ќе ги нарача од производителот на оружје. Процесот може да трае неколку недели или месеци.

Спонзорирано: