11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Српското Собрание ја продолжува расправата за Косово

Пратениците на Собранието на Србија денеска во 11:00 часот ќе ја продолжат расправата за косовското прашање.

На дневен ред на вонредната седница е и владиниот „Извештај за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина, од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година“.

На вчерашната седница, на која присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше презентиран Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправа во Приштина. На седницата присуствуваа претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, како и претставници на Српската листа од Косово.

Вучиќ, презентирајќи го Извештајот, вчера рече дека целта е отворен разговор за најтешките работи со кои се соочуваaт, а не префрлање на одговорноста.

Вучиќ презентираше и план од десет точки за политиката на Србија во наредниот период. Тој зборуваше и за т.н на француско-германската иницијатива, а како особено тешка ја истакна точката 4, поточно вториот став, во кој се вели дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“.

Во еден момент жолчната дискусија на пратениците прерасна во инцидент, кога дојдоа до судир меѓу членовите на власта и опозицијата.

Неколку десетици граѓани протестираа пред Собранието на Србија барајќи парламентот да не го поддржи потпишувањето на француско-германскиот договор, ниту кој било друг што на кој било начин би претставувал признавање на Косово или да му овозможи да стане членка на ОН.

Спонзорирано: