14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Германија купува 15 тенкови Гепард од Катар

Германската влада одобри испорака на тенкови Леопард 1 во Украина од индустриски залихи и е во преговори за купување на 15 тенкови Гепард од Катар кои ќе бидат испратени во Киев, објави синоќа Sueddeutsche Zeitung.

Испораката на леопарди во Украина може да се случи во секое време по поправка на тенковите, пишува германскиот весник повикувајќи се на владини извори. Германските компании Rheinmetall и Flensburger Fahrzeugbau Gesellschaft (FFG) сакаат да обноват десетици тенкови Leopards 1, кои би можеле да ги испорачаат во Украина доколку Киев е подготвен да ги купи, се додава.

Неколку германски претставници разговарале со катарското Министерство за надворешни работи за можното купување на 15 тенкови „Гепард“, кои Доха ги купи за да го обезбеди стадионот на Светското првенство, пишува весникот, додавајќи дека Берлин се обидува да добие повеќе муниција од Катар.

– Гепардите многу добро се покажаа во војната во Украина. Кога би можеле да добиеме повеќе од нашите локални партнери, тоа дефинитивно би им помогнало на Украинците – изјави новиот германски министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од Sueddeutsche Zeitung.