Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Кличко: Киев се соочува со најлошата зима од Втората светска војна

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека главниот град на Украина се соочува со „најлошата зима од Втората светска војна“ по денешните жестоки руски напади врз енергетската инфраструктура.

Тој им порача на жителите да бидат подготвени за „најлошото сценарио“ кое вклучува продолжени прекини на струја и ниски температури.

– Мораме да се подготвиме за најлошото сценарио. Зборувам за долгорочни прекини на струја и ниски температури. Во тој случај ќе треба да се евакуираат делови од градот. Не сакаме тоа да се случи – изјави Кличко во интервју за Билд.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ги избрка луѓето од градот со наредба на војската да ја бомбардира цивилната инфраструктура: „Путин сака да ги тероризира луѓето, сака тие да смрзнуваат без светлина, но тоа нема да се случи. Мој впечаток е дека луѓето ќе се налутат и ќе станат уште порешителни. Нема да умреме или бегаме како што сака Путин“.