14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Белата куќа ги презема сите можни чекори за да избегне средба меѓу Путин и Бајден

Според извештаите, Белата куќа ги презема „сите можни чекори“ за да избегне директна средба меѓу претседателот Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин на самитот на Г-20 во Индонезија следниот месец, пишува Гардијан.

Американските власти, исто така, наводно преземаат чекори за да избегнат дури и средба во коридорот или можноста двајцата лидери да бидат фотографирани заедно.

Бајден минатата недела за Си-Ен-Ен изјави дека не планира да се сретне со рускиот лидер на Бали, но дека ќе направи исклучок доколку Путин е отворен да разговара за ослободување на американската кошаркарка Бритни Гринер, која се наоѓа во руски затвор.

Политико цитира повеќе американски претставници кои велат дека не се воспоставени преговори меѓу администрацијата на Бајден и Кремљ за ослободување на американските затвореници во Русија, вклучително и Грајнер.

Официјални лица рекоа дека Бајден и Путин би можеле да се вкрстат во одреден момент за време на самитот во ноември, но американските власти ја отфрлија можноста за формален состанок.

Вилијам Тејлор, поранешен американски амбасадор во Украина, рече:

– Знаеме што мисли претседателот Бајден за претседателот Путин, тој мисли дека е убиец, мисли дека е воен злосторник. Не сретнуваш убијци и воени злосторници.

Спонзорирано: