17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Двајца пилоти кои се катапултираа од руски авион под истрага: 13 лица загинаа во пожар

Двајца руски пилоти чиј воен авион се урна во близина на станбена зграда во градот Јејск, при што загинаа 13 лица, моментално се под истрага, соопштија руските власти.

Моторот на воениот авион Су-34 се запалил набргу по полетувањето за време на тренинг вежба во понеделникот вечерта, а пилотите за среќа успеале да се катапултираат навреме, пред авионот да се урне во дворот на станбен комплекс во кој има повеќе од 600 луѓе.

Рускиот истражен комитет на Телеграм објави дека несреќата во која загинаа 13 лица се истражува како кривично дело за можно прекршување на правилата за летот или правилата за подготовка на летот. Тие се сомневаат дека невниманието на пилотот можеби довело до катастрофалниот исход.

Пилотите или копнениот екипаж би можеле да се соочат со максимална казна до седум години, според документот на агенцијата за криминал на ОН, кој го цитира тој дел од кривичниот законик на Русија.

Рускиот истражен комитет соопшти дека воените истражители и форензичарите со денови го испитуваат местото на несреќата.

– Во текот на истрагата, на аеродромот на полетување се запленети мостри гориво, како и потребната документација. Пилотите кои успеале да се катапултираат, како и персоналот на аеродромот се сослушани – соопштено е.

Во соопштението се додава дека во овој момент се верува дека до несреќата дошло поради техничка неисправност на леталото.

Се чини дека видеата од безбедносните камери објавени на социјалните мрежи покажуваат дека авионот се запалил пред да почне да ја губи висината.

Јејск, дом на околу 80.000 луѓе и руска воена воздухопловна база, се наоѓа покрај Азовското Море и е на кратко растојание од окупираниот украински град Мариупол.

Да потсетиме, 13 лица загинаа во пожарот што избувна по падот на авионот врз станбена зграда, а голем број од нив беа повредени.