14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Потегот на Путин е потег на очајник?

Прогласувањето воена состојба во четирите украински региони припоени од Русија е очајна тактика на Путин да се обиде повторно да ја воспостави контролата

Ова, според Си-Ен-Ен, го изјавил висок американски функционер.

Соединетите држави не се изненадени што Путин прибегна кон овој потег, изјави претставникот за Си-Ен-Ен, додавајќи дека најновата објава на рускиот лидер не го менува фактот дека тој нема легитимно претензии за суверена украинска територија.

Поддршката на САД за Украинците кои го бранат својот суверенитет останува непроменета и продолжува, додаваат тие.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин прогласи воена состојба во четири окупирани региони на Украина, чија анексија неодамна беше прогласена од Москва.

Путин ова го изјави на состанокот на Советот за безбедност во време кога проруските власти во Керсон го евакуираат тој град, а Русите насилно ја напаѓаат украинската енергетска инфраструктура.

Прогласувањето на воена состојба во Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје треба да му овозможи на Кремљ, барем формално и правно, да има уште построга контрола врз тие четири украински региони.

Објавено е и што рекол Путин при објавувањето на воената состојба во окупираните региони.

„Гранатирањето продолжува и цивилите се убиваат. Неонацистите користат отворено терористички методи, саботираат витални објекти и организираат обиди за атентат против претставници на локалната власт. Регионите ДПР, ЛНР, Херон и Запорожје беа во вонредна состојба пред да бидат припоени од Русија. Сега треба да го формализираме овој режим во рамките на руското законодавство. Затоа го потпишав указот за воведување вонредна состојба во овие четири ентитети на Руската Федерација“, рече Путин.

„Покрај тоа, во денешната ситуација, сметам дека е неопходно да се дадат дополнителни овластувања на лидерите на сите руски региони. Тој декрет беше потпишан денеска. Шефовите на сите субјекти на Федерацијата мора да обрнат внимание на спроведувањето на мерките за да се обезбеди безбедност на луѓето, безбедност и антитерористичка заштита на клучните објекти и одржување на јавниот ред“, рече Путин.

Спонзорирано: