5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шојгу: Ќе мобилизираме 300.000 луѓе, само еден отсто од ресурсите

По говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска и се обрати на јавноста и најави делумна мобилизација, се огласи и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, кој рече дека оваа земја може да мобилизира 300.000 луѓе.

Веднаш на почетокот на својот говор, Шојгу рече дека Русија не само што војува со Украина, туку и со целиот Запад. Тој додаде дека Западот испорачува големо количество оружје на Украина.

„Навистина сме во војна со колективниот Запад плус НАТО. Кога зборуваме за тоа, не мислиме само на оружјето што се доставува во огромни количини, туку секако и на системите. Тоа се комуникациски системи, системи за обработка на информации. Се користи за напади врз цивилното население. Околу 200 цивилни сателити, сите сателити на НАТО, работат во интерес на Украина“ – нагласи Шојгу.

Тој понатаму рече дека Украина веќе изгубила половина од својата армија.

„Повеќе од 100.000 луѓе – 61.207 убиени, 49.368 ранети. Загубите на Русија за време на специјалната воена операција во Украина изнесуваат 5.937 луѓе“ – додаде тој.

Според него, Русија има огромни мобилизациски ресурси.

„Ќе се искористи само еден процент од ресурсите. За време на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти“ – рече Шојгу.

Можеби ќе ве интересира

Шојгу: Досега повеќе од 200.000 луѓе се мобилизирани во руските вооружени сили

M T

МРАЧНО истражување – Еве што (најверојатно) ќе ги уништи луѓето

M T

Илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на британската кралица во Лондон

M T

Русија годинава ја напуштиле повеќе од 400.000 луѓе

M T

ОДГОВОР НА ВАЖНО ПРАШАЊЕ – Експертите одговараат дали на луѓето со дијабетес им е дозволено да јадат овошје

M T

Шојгу: Она што го прави Украина е нуклеарен тероризам

M T