9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Британска авиокомпанија планира да откаже околу десет илјади летови

Бритиш ервејс планира да откаже десет илјади кратки летови оваа зима. Тоа е околу осум проценти од зимскиот распоред.

Од британската авиокомпанија велат дека целта на овој потег е да се минимизираат нарушувањата, а ќе се одрази и на некои долги летови.

Бритиш ервејс ќе укине и по десетина повратни летови дневно, со вкупно 629 летови до крајот на октомври. Најголем дел од откажаните летови ќе бидат на релации кои имаат алтернативен превоз до истите дестинации.

„Американ ерлајнс“ откажа околу 31.000 летови минатата недела, што е околу 16 отсто од нејзиниот ноемвриски распоред. Тоа е огромна бројка во споредба со 19.000 летови кои американскиот авиопревозник претходно ги откажа летово.

Авиокомпаниите го обвинуваат тековниот недостиг на персонал, заедно со големата побарувачка за патувања.

Најголем проблем е недостатокот на пилоти. Повеќе од една третина од доцнењата во светот може да се случат во Соединетите Американски Држави. Во понеделникот, најмалку 20 отсто од летовите беа одложени на 30 големи американски аеродроми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поради штрајк откажани десет проценти од летовите во Париз

M T

Најавен прекин на патувања низ Европа – Технички проблеми во германската контрола на летови

M T

Кина ги забрани летовите на авионите кои Русија ги национализира

M T

На летовите кон и од Германија задолжителни маски и покрај олабавувањето на мерките

M T

Турција формира специјална авиокомпанија за руски туристи

M T

Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи

M T