5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција формира специјална авиокомпанија за руски туристи

Турските власти планираат да создадат специјална авиокомпанија која ќе превезува руски туристи во турските одморалишта, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на турски медиуми.

Веста доаѓа откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сертификатите за сите руски авиокомпании.

Турскиот весник „Сабах“ наведува дека ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор на Турција, бидејќи и Украина и Русија се многу важни за нејзиниот бизнис.

„Благодарение на авиокомпанијата, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, пишуваат турските медиуми.

Туркиш ерлајнс наводно се договорил со руските агенции да резервира блокови за седишта за руските туристи на своите летови. Турција наводно очекува најмалку два милиони туристи од Русија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Британска авиокомпанија планира да откаже околу десет илјади летови

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T

Чавушоглу: На Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви

M T

Во Турција забележена највисоката инфлација во последните 24 години

M T