10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најавен прекин на патувања низ Европа – Технички проблеми во германската контрола на летови

Технички проблеми во германската контрола на летови денеска ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт.

Се работи за софтверски проблем.

„ Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт“, наведе операторот на својата веб-страница.

Проблемите биле пријавени во центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација ДФС, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија.

Центарот Ланген го контролира воздушниот простор во централна Германија со важни аеродроми како Дизелдорф, Келн и Франкфурт. Областа се протега од Касел до езерото Констанца и од француската граница до Тирингија. Летовите не беа погодени бидејќи ги надгледуваат контролорите во центарот во Карлсруе.

Според Фрапорт, поради овој проблем е зафатен целиот европски воздушен простор. Во Франкфурт има доцнења и изолирани откажувања на летови, објави аеродромскиот оператор.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија

M T