3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Салман Ружди во свесна состојба, разговарал со инспекторите за нападот

Писателот Салман Ружди е буден и комуницира со истражителите, но ќе треба да остане хоспитализиран поради сериозни повреди по нападот со нож во петокот во Западен Њујорк.

На 75-годишниот Ружди му беше извршена итна операција, откако маж го избоде неколку пати пред неговото закажано предавање во Њујорк.

Познатиот автор бил свесен и можел да одговара на прашања од истражителите. Не е јасно што им рекол Ружди на инспекторите по нападот, кој го потресе книжевниот свет и наиде на осуда од целиот свет.

Осомничениот за нападот е идентификуван како 24-годишниот Хади Матар. Тој скокнал на сцената во Њујорк и се фрлил на писателот, по што го избодел неколку пати. Осомничениот бил задржан од толпата додека полицијата не го приведе.

Писателот се здобил со три убодни рани во пределот на вратот, четири во пределот на стомакот, на десното око и градниот кош, како и рана на десната надколеница.

За време на сослушувањето, Матар се изјасни за невин за нападот врз познатиот писател. Обвинителот сепак оцени дека се работи за кривично дело со „умисла“ со умисла, поради што авторот на „Сатански стихови“ останал во болница со тешки повреди.

Судијата негираше кауција откако окружниот обвинител Џејсон Шмит и кажа дека Хади Матар презел однапред смислени чекори за намерно да му наштети на Ружди со тоа што однапред обезбедил пропусница за настан на кој познатиот автор зборувал и пристигнувал во Њујорк еден ден порано со лажна лична карта.

По нападот Ружди итно бил пренесен во болница, а извесно време бил приклучен на вентилатор бидејќи животот му бил во опасност. Лекарите сметаат дека е доволно стабилен за да биде изваден од вентилаторот, но се соочува со долг процес на закрепнување.

„Салман најверојатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се отсечени, а црниот дроб му е пробиен и оштетен“, рече неговиот адвокат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T

Иран негира поврзаност со нападот на Ружди

M T